Се очекува постапката за одобрување на кредитот од ЕБОР во најскоро време да биде завршена

На денешната средба со претставниците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се разговараше за напредокот на преговорите со Банката за одобрување на кредитната линија – заем од 55 милиони евра за воспоствување на регионалниот систем за интегрирано управување со отпад. Средствата се наменети за изградба на основната инфраструктура – регионални депонии, претоварни станици, набавка на контејнери и возила во Полошкиот, Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион.

EBOR

Се очекува постапката за одобрување во најскоро време да биде завршена.