Се анализираат и вградуваат забелешките и коментарите во однос на Нацрт законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

95669180_1550540591788206_8924997648029581312_nСе анализираат и вградуваат забелешките и коментарите во однос на Нацрт законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк
Министерот Нуредини вчера одржа работна средба со стручниот тим кој работи на анализите и вградувања на сите забелешки и коментари пристигнати од засегнатата јавност во однос на Нацрт законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, на кој беше презентиран прогресот во ревизијата на нацрт-законот по консултациите и согледувањата од теренските активности на експертскиот тим што е составен од стручни лица од МЖСПП, експертите кои ја изработуваа Студијата за валоризација и тим од Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN).
На состанокот беа разговарани главните тематски области на забелешките и потребата од дополнителни средби со локалното население и општините заради подобро запознавање со предлог решенијата и социо-економските придобивки од прогласувањето на национален парк.