Разгледани можни проекти во општина Теарце

(05.01.2016г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ја посети општина Теарце при што оствари средба со градоначалникот Исен Асани. На средбата се разговараше за можната соработка меѓу Општината и Министерството за реализација на заеднички проекти во заштитата на животна средина. Посебен акцент беше ставен на потребата од систем за пречистување на отпадни води, како и на прашањето за управување на комуналниот отпад.