Прогласувањето на Осогово за заштитено подрачје ќе овозможи одржлив развој на локална економија

Zastiteno_Osogovo_Nuredini_ZaevМинистерот Нуредини, како дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев,  а во присуство на претставници на швајцарската амбасада учествуваше во посетата на Пониква и на активностите за ставање во функција на ски – центарот и изградбата на планинарскиот дом.
Министерот Нуредини  во обраќањето се осврна на значењето на заштитата на природата и посочи дека на тој начин се добива повеќекратен бенефит- зачувување на уникатните природни вредности, заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија.
„Со прогласување на Осогово за заштитен предел процентот на заштитени подрачја во државата се зголеми на 10,8% отсто. Денеска гледаме конкретно што значат инвестициите во еко-системски услуги. Се надевам дека успешната приказна за „заштитено Осогово“ ќе биде добар пример и за другите процеси кои во моментот ги водиме – меѓу кои и прогласувањето на Шар Планина за национален парк, што ќе отвори исти вакви можности и за тамошното население“, нагласи министерот Нуредини и додаде дека е исклучително горд што Владата прогласи ново заштитено подрачје.

https://vlada.gov.mk/node/23691