Привршува изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Глумово-Шишево во општина Сарај

(28.12.2015) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири заедно со градоначалникот на општина Сарај, Беким Мурати направија увид во реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Глумово-Шишево во општина Сарај. При увидот е констатирано дека е проектот е во завршна фаза. Имено, физичките работи на објектите се целосно реализирани, а во тек се подготвителни работи за приклучок на водоводна и електро-дистрибутивна мрежа од страна на ЈП Водовод Скопје и ЕВН Македонија. По испитувањето и добивањето на протоколи од акредитирани институции објектот во скоро време се очекува да биде спремен за технички преглед и пробна работа.

Проектот е финансиран од Министерство за животна средина и просторно планирање и е во вредност од 44.323.679,00 денари.