Прес-конференција на МЕД за резултатите од Анкетата за Шара

PPT Shar 30032021Нагласувајќи дека прогласувањето на Шар Планина за националниот парк е само првата фаза на патот и дека пред нас стои уште поголем предизвик, по усвојувањето на предлогот во Собранието, а тоа е изработката на Планот за управување при што покрај заштитата на уникатните природни вредности на ова наше планинско богатство, во исто време треба да обезбедиме и социоекономски развој на регионот и да ги заштитиме интересите на локалното население и го обезбедиме одржливиот економски развој, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини рече:

„Во таа смисла добиените податоци од овие анализи што се презентираат денеска од истражувањето на мислењето на жителите на поголемите населени места во идниот национален парк Шар Планина, заедно со социо-економската студија која претходно беше изработена со поддршка на УНЕП, се особено податливи и добра појдовна основа за изработка на Планот за управување со Националиот парк Шара Планина, како наша следна активност. Веќе имаме увид во кој дел треба посериозна комуникација со населението, промоција на бенефитите и утврдување на активностите“.

Повеќе: https://bit.ly/31uILgD