НУРЕДИНИ: Договорена забрзана реализација на проектот “Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион”

Nuredini-UNDPМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска оствари работна средба со Постојаниот координатор на Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан,  директор на канцеларијата на УНДП во Скопје.

Целта на состанокот беше да се дискутира напредокот на Проектоти приоритетните активности, чија цел е да се направи темелна промена во начинот на справување со ризикот од поплавите во Полошкиот регион, кој се смета за најранлив во државата во однос на ова прашање. Проектот е финансиран од Швајцарската Агенција за Развој и соработка (SDC) а е спроведуван од страна на УНДП.

Во оваа насока, министерот Нуредини изрази подготвеност за мобилизирање на повеќе финансиски средства од Владата на РСМ, за реализација за сите предвидени проектни активности.

На крај министерот Нуредини изрази благодарност до УНДП за нивната посветеност и придонес при реализација на овој проект, како и за можноста за продолжување на соработката и во областа на енергетската ефикасност.