Потребно е да се мапираат планинските патеки

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска денеска оствари работна средба со пратеничката Маја Морачанин, директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски, и претставници на Планинарската федерација, проф. д-р Јовица Угриновски и Горан Тинтовски.

На состанокот се разговараше за мапирање на постојните планинарски патеки, потребата од заштита на биодиверзитетот и животинските и растителни видови под закана и важноста на секој поединец во заштитата на животната средина. На состанокот се заклучи да се формира работна група од сите засегнати старани имајќи предвид дека е неопходна координирана соработка со цел да се заштити нашето заедничко богатство – македонските планини.