Оџаклиеска: Анализа на можностите за вклучување на велосипедски коридори во просторно планирање

velosipedski koridoriЗаменик министерерката за животна средина и планирање Христина Оџаклиеска денес оставари работна средба со преставници на граганските организации „На точак“ од Прилеп и „Одржливи иницијативи“ од Скопје, со цел презентирање на можностите за вметнување на велосипедските патеки во новиот просторен план.

Оџаклиеска ја оцени иницијативата како одлична можност за развој на велосипедизмот, што ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, а и ќе отвори нови можности за развојот на туризмот. При тоа информираше дека Министерството веќе има потпишано Меморандум за соработка со Агенцијата за планирање на просторот како и со планските региони и дека заеднички ќе се разгледаат можностите за вметнување на велосипедските коридори во Просторниот план. Посочи дека велосипедските патеки треба да бидат предмет на разработка во планската документација од пониско ниво. Заменик министерот ги охрабри да стапат во комиуникација со сите релевантни кои во рамките на своите надлежности можат да придонесат во развој на велосипедската инфраструктура во нашата земја.

На крај заменик министерката им се заблагодари на присутните за нивното присуство и за иницијативата за реализација на ваква идеа.