Одржана национална конференција за води

ameti3(06.10.2016г.) Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, денеска, ја отвори Националната конференција за води, чија цел е навремено информирање за реформските процеси во секторот води, чиј носител е Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Министерството за Финансии (ЦФЦД).

Потенцирајќи ја важноста на реформите во секторот води министерот Амети истакна:

- Целта на овие реформи е обезбедување на добра заштита на водите во Република Македонија преку намалување на загубите на вода, воспоставување на систем кој ќе овозможи добро управување со инфаструктурата за водоснабдување и собирање и третман на отпадните води и подобрување на услугата на граѓаните преку најекономично достапна цена.  Во реформите во секторот води сакаме да ги вклучиме сите чинители се со цел да можеме да го избереме најдобриот модел кој ќе ги интегрира интересите на граѓаните и на давателите на водните услуги. Затоа и овој процес го спроведуваме преку три проекти поддржани од ЕУ со кој даваме поддршка на јавните комунални претпријатија и на Регулаторната комисија за енергетика кои се главните носители на спроведувањето на реформата. Тоа се проектите: Реформи во системот на водоснабдување, собирање и прочистување на урбаните отпадни води, EuropeAid/136063/IH/SER/MK; Развој на национална студија за вода, EuropeAid/136505/IH/SER/MK; Реформи во секторот води на централно ниво, EuropeAid/136828/IH/SER/MK .

Реформите во секторот води се поддржани и со реализација на низа други проекти како што се засилена изградба на пречистителни станици, подобрување на канализационите мрежи во повеќе урбани средини како и изравботка на техничка документација за Градот Скопје.

Поздравно обраќање имаше и амбасадорот на ЕУ во Македонија Н.Е. Самуел Жбогар.