Објавен Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Националниот план за управување со отпад за период 2020 – 2030

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека на следниот линк е објавен Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Националниот план за управување со отпад за период 2020 – 2030.

Изработката на извештајот за стратегиска оценка е согласно обврската на доносителот на планскиот документ за спроведување на постапка за оцена на влијанието од планскиот документ врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето, дадена во глава Х од Законот за животна средина и согласно Одлуката за спроведување на стратегиска оцена на доносителот на планскиот документ, Министерство животна средина и просторно планирање (арх. бр. 11-3365/1 од 20.07.2020 год.) Согласно точка 10 (Управување со отпадот), член 3 од Уредбата за стратегии, планови програми, вклучувајќи и нивните промени, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето, планскиот документ претставува документ за кој треба да се спроведе стратегиска оцена на животната средина.

Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ, да осигура дека еколошките последици од стратешките одлуки се идентификувани уште во фазата на неговата подготовка и планирање и да предложи соодветни мерки за спречување, контрола и/или компензација на влијанијата. Постапката треба да обезбеди рамка за јавна дебата за последиците, опциите и обврските, разгледување на коментарите и нивно вклучување во носењето на одлуките.

Забелешки, мислења и предлози може да се достават на следната е-адреса: A.Karanfilova@moepp.gov.mk