Нуредини: Со влегувањето во Powering Past Coal Alliance ќе ја забразаме транзицијата без јаглен

NurediniМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на тркалезната маса за Европа, која на тема „Ревитализација на енергетските заедници и можности за економски раст“, се организираше во рамките на Лондонската недела за климатски  акции. Тркалезната маса има за цел да ги обедини лидерите од европските национални и субнационални влади и меѓународни организации за да разговараат за можностите за поставување рана фаза на исфрлање на јаглен, за праведна транзиција на работната сила и нова патека за чист развој за регионите на јаглен.

Министрите од Велика Британија и Канада им посакаа добредојдоа на новите членови и партнери на PPCA Алијансата (Powering Past Coal Alliance) меѓу кои е и Северна Македонија како прва држава од Западен Балкан која пристапи  кон Алијансата. Со тоа нашата држава ги потврди подготвеноста и заложбите за соработка со меѓународната заедница во остварувањето на правична и брза зелена транзиција.

Тркалезната маса беше добра прилика да се зајакне моментумот и да се поттикнат државите и организациите што ќе работат заедно со Алијансата во пресрет на  Самитот на ООН за климата COP26, што ќе одржи во ноември  во Глазгов, да се посветат на потребната акција за да се стави крај на производството на јаглен.

Во рамките на настанот, свое обраќање имаше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини кој информираше за активностите на национално ниво кон постигнување на ниско-јаглероден раст и праведна транзиција.

„Северна Македонија е многу амбициозна со поднесување, во текот на оваа година, на подобрениот Национален придонес кон Договорот од Париз обврзувајќи се на намалување на емисиите на стакленички гасови за 51% во 2030 година во споредба со нивото од 1990 година, што е еднакво на 82% намалување на нето емисиите. Како држава чие производство на електрична енергија во голема мера се потпира на јаглен, со оддалечување од него, нашиот клучен предизвик е правичната транзиција. Со влегувањето во оваа Алијанса, веруваме дека можеме да соработуваме и да си помагаме едни на други во постигнувањето полесна и побрза транзиција кон почисти извори на енергија, што е ургентно за да можеме да ги постигнеме глобалните климатски цели “- истакна Нуредини.

Последните  податоци покажуваат дека PPCA Алијансата вклучува 132 членови од кои 18 европски и 5 неевропски влади. Половина од фабриките за јаглен во Европа се затворени или планирани да се затворат пред 2030 година, во услови на зголемени цени на јаглерод и проширување на обновливи извори. Анализата покажува дека до 2025 година, сите постројки за јаглен во ЕУ ќе бидат неконкурентни во споредба со обновливите извори. Оваа промена дополнително ќе се забрза благодарение на новата цел на ЕУ за климата во 2030 година и пакетот „Fit for 55“, зголемувајќи ја растечката улога на блокот во забрзувањето на исфрлувањето на јаглен на глобално ниво пред COP26.

Повеќе: https://bit.ly/3w9H8BV