НУРЕДИНИ: Имаме план за декарбонизација и праведна зелена транзиција на економијата

eko svest _klimatska tranzicijaВо организација Фондацијата Фридрих Еберт и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ денеска се одржа онлајн средба за креирање патоказ за декарбонизација на државата на тема: „Праведна или „брза“транзиција во С.Македонија“.

-    Во Национално утврдениот придонес кон Договорот од Париз, како држава поставивме цел до 2030 година да се постигне намалување на емисиите за 51% и проектиравме 63 конкретни мерки што треба да се спроведат. Патот за декарбонизација на државата е поставен, бидејќи намалување на употребата на јаглен е една од предвидените мерките и за тоа имаме конкретен план. Во негова реализација најмногу ангажман се очекува од ЕСМ и тие за тоа ја имаат нашата целосна поддршка. Предвидени се низа инвестиции и вложувања во развивање и употреба на соларната енегрија. Долгорочно, во однос на креирање на политики, во тек е изработката на Закон за климатска акција, што е во процес на хармонизација со другите закони и треба да биде финализиран до крајот на годинава. Наша цел е да се изработи закон што ќе биде реален и спроведлив во моментот на усвојување со оглед на комплексноста на областа што ја регулира. Посветени сме на реализација Зелената агенда и тоа преку праведна енергетска транзиција. Но, во однос на европските земји, нас се уште не ни се достапни средставата од Фондот за праведна транзиција на ЕУ. Во тој правец започнати се преговори соседните земји, како што е Грција за аплицирање со заеднички проекти во ЕУ, за намалување на употребата на јагленот. Дополнително, во соработка со Министерството за финансии се изработуваме различни пакети за субвенционирање на компаните, но и индивидуалните домаќинства во делот на енергетската ефикасност и исфрлање од употреба на нееколошки начини на затоплување – изјави министерот Нуредини во излагањето.

Средбите за животна средина претставуваат платформа за континуиран дијалог која ги обединува сите релевантни и засегнати страни, со цел креирање заеднички препораки и решенија за тековните или очекуваните проблеми од областа на животната средина, наведуваат организаторите.