Младите како амбасадори за климатски промени

kurs_klimatska_diplomatijaД-р Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска, државен советник за климатски промени во МЖСПП и национален контакт кон Конвенцијата на ОН за климатски,  го отвори курсот за млади „ Климатска дипломатија“ со зборовите: „ Од вас млади интузијасти очекувам, користејќи знаење и на наука засновани информации  да бидете промотори на добрите климатски акции во своите средини и пошироко, бидејќи само со знаење и со заеднички сили ќе можеме  да одиме по патот во остварување на зеленото сценарио од националните климатски политики како најисплатливо за иднината на државата“.

Обуката е наменета за 20-тина млади учесници од државата кои имаат шанса да научаат што е климатска дипломатија, да ја разберат улогата на Конференцијата на ООН за климатски промени, Парискиот договор и COP26 и што се тоа национални утврдени придонеси (NDCѕ) на Северна Македонија.

Обуката е во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин  како дел од проектот „Млади амбасадори за климатски промени е финансиски поддржан од Британска Амбасада во Скопје.