Максимална поддршка од Националниот совет за заштита на природата за постапките што ги води МЖСПП

studen-blato1Денеска се одржа првиот состанок на Националиот совет за заштита на природата на кој согласно Дневниот ред се разгледа и донесе Деловодникот за работа и се дискутираше за тековните активности на заштита на природата и постапките за прогласување на заштитени подрачја. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, во улога на претседател на Советот, ја искажа својата благодорност до членовите на Националниот совет за заштита на природата за учество на состанокот и изрази уверување дека нивната експертиза и искуство во голема мера ќе придонесе во забрзување на процесите и правилна заштита на националното природно наследство. Националниот совет за заштита на природата, кој е формиран согласно Законот за заштита на природата, даде позитивни мислења на предлозите за прогласување на Малешево и Водно во категорија – Заштитен предел, за предлогот за прогласување на Студечишко Блато за заштитено подрачје, во категоријата – Парк на природа, за предлогот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категорија – Споменик на природа како и за предлогот за номинирање на Охридско Eзеро и Студенчишко Блато на Светската Рамсар листа.

Од сите присутни беше искажано задоволство и максимална поддршка на активностите и постапките што ги води Министерството за животна средина и просторно планирање за заштита на природата и биодиверизитет на национално ниво.