КОНФЕРЕНЦИЈА: Предизвици во управувањето со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори

1Денеска во организација на лиценциран колективен постапувач ЕЛКОЛЕКТ доо Скопје се одржа конференција на тема „Предизвици во управувањето со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори“.

Конференцијата имаше за цел да ги информира клучните чинители за новините во законодавството во делот на управувањето со отпадната електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, да даде осврт на можностите и предизвиците, но и да поттикне дискусија за идниот развој на секторот.

- Денес овде сме собрани за да ја претставиме состојбата со системот за управување со отпадни батерии и електричниот и електронски отпад во Република Македонија, по заедничките активности на министерството, бизнис заедницата и невладиниот сектор, кои сите заедно делуваа со цел да се поддржи имплементацијата на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за управување со електрична и електронска опрема, да се зајакнат капацитетите на општините за поставување на системот и да се развие свеста кај граѓаните и младите луѓе за рециклирање на овој отпад – истакна в.д.  директорката на Управата за животна средина Билјана Зефиќ во поздравното обраќање.

3Во изминатиов период, со донесувањето на двата закона состојбата со управувањето со овој вид на отпад е делумно подобрена, но според неа, по речиси пет години од стапувањето на сила на законите, сеуште имаме потреба од силна кампања и промовирање на законите за да се постигне нивна успешна имплементација, како и воспоставување на потребната структура за имплементација на законодавството.

Елколект е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема чија основна цел е да воспостави функционален и одржлив систем за постапување со овој вид на отпад