ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 8/2019

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за животна средина и просторно планирање со бр. 01-2372/1 од 03.05.2017 год., бр. 01-1832/2 од 12.03.2018 год.,бр.01-1832/6 од 02.04.2018 година, бр.01-1567/1 од 13.03.2019 год., бр. 01-3932/2 од 29.07.2019 год., бр. 01-4222/1 од 31.07.2019 год.,бр.01-4222/5 од 07.10.2019 год и бр. 01-4222/6 од 14.10.2019 год., и 01-4222/7 од 15.10.2019  Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 8/2019
за унапредување на административни службеници
во Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Интерен оглас за унапредување на 4 (четри) административни службеници на следниве работни места:

  1. УПР 01 01 Б02 000, Раководител на сектор за просторно планирање, Сектор за просторно планирање; 1 (еден) извршител;

Општи услови:
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрaвствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:

  • Ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТЦ или завршен VII/1 степен,Геодезија, архитектура, урбанизам и планирање
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
  • положен испит за административно управување
  • најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно место во приватен сектор.

Распоред на работното време:

  • дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
  • нето плата 37.631.00 денари

 

  1. УПР 01 01 Б03 000, Помошник раководител на Сектор за локална самоуправа и управно – надзорни работи; 1 (еден) извршител;

Општи услови:
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрaвствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:

  • Ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТЦ или завршен VII/1степен, Правни науки.
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
  • положен испит за административно управување
  • најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно место во приватен сектор,
  • положен правосуден испит,

Распоред на работното време:

  • дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
  • нето плата 32.869.00 денари

 

  1. УПР  01 01 Б04 000, Раководител на одделение за програмирање и мониторинг на имплементацијата во рамките на инструментот за претпристапна помош (ИПА), Одделение за програмирање и мониторинг на имплементацијата во рамките на инструметот за претпристапна помош, Сектор за европска Унија; 1 (еден) извршител;

 

Општи услови:
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрaвствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:

  • Ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТЦ или завршен VII/1 степен, Правни науки, машинство,градежништво и водостопанство.
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
  • положен испит за административно управување
  • најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Распоред на работното време:

  • дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
  • нето плата 29.694.00 денари
  1. УПР 01 01 Б02 000, Раководител на сектор за Европска Унија; 1 (еден) извршител;

Општи услови:
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрaвствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:

  • Ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТЦ или завршен VII/1 степен,Правни науки, Политички науки, Шумарство и хортикултура.
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
  • положен испит за административно управување
  • најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно место во приватен сектор.
  • Најмалку 3 години работно искуство во ЕУ интегративни процеси или проекти.

 

Распоред на работното време:

  • дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
  • нето плата 37.631.00 денари

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за ситематизација во Министерството за животна средина и просторно планирање, при ова административните службеници треба да ги исполнува и следните услови:

-    да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-    да поминал најмалку две години на тековното работно место и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси  Coveckiresursi@moеpp.gov.mk.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
-    потврди за успешно реализирани обуки и/или
-    потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

 ПРИЈАВА zа унапредување на административни службеници преку ИНТЕРЕН ОГЛАС