Државниот секретар Шукова на работилница за животната средина посветена на водата и еколошката правда

Државниот секретар Шукова на работилница за животната средина посветена на водатаДржавниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, учествуваше на средбата за животна средина насловена „Водата, еколошката правда и ние“, која во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ денеска се одржа во Скопје.

Во 2021 година, Министерството за животна средина започна со изработка на „Методологија за пресметување на единицата на штетност согласно со количината на испуштената вода и видот и количината на отпадните материи и супстанции што се испуштаат во површинските и подземните води“. На тој начин се потврдува заложбата на носителите на одлуки во остварување на еколошката правда, заштитата на природата, како и подигнувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

Во таа прилика, државниот секретар Шукова истакна:

- Се наоѓаме на крајот на уште еден проект, финансиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“ и менаџиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, кој имаше за цел да обезбеди документи, што ќе и помогнат на Владата на Република Северна Македонија, односно нејзините надлежни институции, во процесот на усогласување со европските барања за управување со водите и отпадот, но исто времено и да обезбеди зајакнување на административните капацитети за имплементација и примена на законодавството за управување со овие две клучни области од животната средина. Ова се чекори кои не водат до соодветно управување со квалитетот на животната средина во нашата држава, а тоа не доближува до исполнување на препораките од Европската Унија во процесот на достигнување идно членство во неа. 

На работилницата присуствуваа претставници од националните институции, професори, експерти, како и преставници од граѓанските организации, а беа промовирани и добрите примери и практики од нашата држава.