Видливи резултатите од активностит за намалување на загадувањето на воздухот

MZhSPP_Makraduli_pres-konferencijaПодатоци за резултатите од преземените активности за намалување на аерозагадувањето како резултат на реализација на Планот за чист воздух на Владата на РСМ и на Министерството за животна средина и просторно планирање/прес конференција на заминик министерот за животна средина Јани Макрадули.

„Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10.

Да укажам на некои податоци, секако нагласувам од оние мерни инструменти коишто припаѓаат на Државниот мониторинг центар и кои беа во функција.

Број на денови со среднодневни концентрации над ГВ

2015 2016 2017 2018 2019
Центар 64 63 44 54 31
Гази Баба 56 62 49 27
Карпош 55 64 54 60 24
Лисиче 68 62 70 0 0
Миладиновци 38 57 38 57 31
Ректорат 47 69 66 76 46

Максимална среднодневна концентрација:

2015 2016 2017 2018 2019
Центар 326.5 288.1 352.9 248 124.2
Гази Баба 329.7 340 299.4 113
Карпош 299 335.1 397.2 229 120.7
Лисиче 446.1 454.3 331.8 44.62 0
Миладиновци 125 233.3 177.9 184.7 156
Ректорат 271.1 436.6 436.7 283 134.2

Или пак, ако зборуваме за максималната среднодневна концентрација, и покрај тоа што минатата недела имаше магла и 0 km/h ветер, немавме екстреми како 288, 329, 446 во минатото. Максималните беа 124, 120, во споредба со минатите години, кога биле и 326, 329, 340, 352 во Центар.

Дали е доволно ниско, не. Но трендот на намалување е видлив.

Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите.

Резултат на зголемената свеста кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа влада. Граѓаните, особено помладите и користат превозни средства кои не загадуваат и сепарираат отпад, но и ги убедуваат своите родители да не се греат на дрва.

Сведоци сме на редовни, 24 часовни, построги инспекции од страна на надлежните институции. За прв пат се фаќаат сторители кои палат кабли или стрништа, кон нив се поднесуваат соодветни пријави.

Координираната инспекција драстично ги намали примерите на илегални палења.

Во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата, нови паркови, зелени кровови.

Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи.

Нашата земја е шампион во реформи во енергетската политика, го намаливме ДДВ-то за парното греење, ја одржавме цената на струјата и таа е достапен извор за греење, исплатливо е навистина, да се греете на струја.

Но, како комплементарен придонес се и мерките од Планот за чист воздух, прв стратешки документ донесен од некоја влада која директно се справува со изворите на загадувањето.

Мерки во насока на вложување во подобрувањето на енергетска ефикасност, во зголемувањето на зелените површини, и за прв пат мерки за директно справување со изворите на загадување.

Линк до видеото од пресот: https://youtu.be/VsudtMq_MF8