Средба на Оџаклиеска со пратенички и жители на шарпланински општини

Во насока на заклучоците од средбата на министерот Нуредини со експертскиот тим кој работи на анализите и вградувања на сите забелешки и коментари пристигнати од засегнатата јавност во однос на Нацрт законот за прогласување на дел од Шар Планина национален парк, денес, заменик министерката за животна средина Христина Оџаклиеска одржа средба со пратеничките Маја Морачанин и Фаница Николоска, и претставници на засегната група на граѓани, Лазар Ѓорѓевски, советник во Општина Теарце и Ивица Муихајловски, жител на Општина Вратница.
На средбата се дискутираа тековните активности поврзани со Шар Планина, но и потребата и подготвеноста на различните институции да го поддржат овој исклучително важен процес со кој ќе се обезбеди одржлив развој преку заштитата на подрачјето.