Одобрен е проектот за изградба на фекална канализација во општина Боговиње

kanalizacijaМинистерството за животна средина и просторно планирање информира дека на денешната 59-та седница, Владата на Република Северна ја разгледа и ја усвои Информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на проектот „Изградба на фекална канализација во населени места Камењане и Боговиње, општина Боговиње“.
Вкупна вредност на проектот изнесува 273.133.500,00 денари, а ќе се реализира во тек на 3 години.

За 2021 година се обезбедени средства во висина од 78.454.500,00 денари од буџетот на Министерството, а останатите се планирани во буџетите за 2022г. и 2023г.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ја започне постапката за повеќегодишна јавна набавка веднаш штом општината ќе ја комплетира и достави потребната документација.