Нуредини: Водните ресурси се од исклучително значење и мора да се работи на нивно одржливо користење и заштита

1Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со стручниот тим на Министерството, разговараше со претставниците на Институтот за комуникациски студии  кои се носители на кампањата #Разбистри сѐ.  Претставниците на ИКС ги запознаа присутните со своите активности фокусирани на подигање на јавната свест за значењето на одржливото користење и заштитата на природните ресурси во нашата државата.

Министерот Нуредини истакна дека управувањето и заштитата на водите е од исклучително значење и развивање на соработка со сите оние заинтерсирани страни кои имаат стручност, а се подготвени да дадат свој прионес, е добродојдено.

Се разговараше за можните начини на остварување на соработката во поддршка на кампањата за подигање на јавната свест за одговорно однесување и користење на водните ресурси, во подобрување на управувањето со водите и унапредувањето на законската регулатива, а се отворија и прашањата за потребата од поинтензивни инспекциски контроли во областа.