Презентиран Третиот преглед на состојбите со животната средина

5-5Северна Македонија ги има прифатено препораките во овој извештај од УНЕЦЕ и веќе интензивно се работи на решавање на проблемите со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот во државата, идентификувани во Извештајот како приоритети – изјави министерот за животна средина Насер Нуредини за медиумите на отварањето на панел дискусијата за промоција на Третиот преглед на состојбите во животната средина што денес се одржа во Скопје. Во контекст на актуелноста на сосотјбите со животната средина и важноста на информирањето на граѓаните, на панел дискусијата се одговараше и на сите поставени прашања од присутните новинари.

Настанот беше во организација на Министерството за жвотна средина и просторно планирање и Економската комисија за Европа на Обединетите Нации (УНЕЦЕ), Со свој осврт на издадениот документ, покрај министерот Нуредини, говореа и државниот секретар при Секретаријатот за европски прашања, Калинка Габер, програмскиот менаџер на УНЕЦЕ Антони Нунес и постојаниот координатор на Обединетите нации во РСМ, Росана Дуџак.

Нуредини истакна, дека ПСЖС има голема улога за подобрување на управувањето со животната средина нагласувајќи дека Владата на РС Македонија ги има прифатено препораките во овој извештај од УНЕЦЕ и дека веќе интензивно се работи на решавање на проблемите со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот во државата кои и овој Извештај ги идентификува како приоритети.

- Интензивно работиме на нашето законодавство и ги ревидираме законите, но би истакнал дека ова не е проблематика на една институција, туку треба да се вклучат и другите министерства, бизнис секторот, медиумите и невладините организации, како и граѓаните за заедно да најдеме решение за моменталните состојби во врска со животната средина- рече Нуредини.

Според Калинка Габер, државен секретар од Секретаријатот за европски прашањаВладата има идентификувано 5 приоритети кои се дефинирани во Владината приограма 2018-2020 година, од аспект на земја кандидат за членство во ЕУ, при што РСМ се заложи за усогласување на своето законодавство со политиката за одржлив развој на ЕУ, а тоа бара холистички и интерсекторски пристап, со партнерство на сите засегнати страни.

Програмскиот менаџер на УНЕЦЕ Антони Нунес, истакна дека во ЕПР се оценуваат целите за одржлив развој, но опфаќа и теми од економијата. И тој потенцираше дека животната средина не е одговорност само на МЖСПП, туку и на другите министерства и дека иако РСМ веќе уима преземено активности за подобрување на состојбата во врска со животната средина, сепак има прашања кои треба да се решаваат во наредните неколку години. Тој, исто така, ја пренесе и подготвеноста на УНЕЦЕ да го олесни процесот преку програмата за градење капацитети на ОН.

На панел дискусијата зборуваше и постојаниот координатор на Обединетите нации во РСМ, РосанаДуџак која даде опширен преглед на активностите на ОН во делот животна средина, со посебен акцент на ПСЖС.

Според неа Програмата за изработување на овој извештај е програма која овозможува земјите да добијат објективна, надворешна оцена за успехот во областа животна средина и овозможува преглед на постигнувањата од животната средина за државите и приоретизирање на областите во кои е потребна помош.

-Третиот извештај се фокусира на зелената економија, интегрирањето на аспектите од животната средина во сите политики и соработката со меѓународната заедница во оваа област – рече Дуџак потенцирајќи дека во извештајот се интегрирани и целите за одржлив развој.

Оваа Програма почна пред 26 години, а денес е веќе во третиот циклус. РСМ учествуваше во сите 3 цикуси со што даде јасен сигнал дека државата ја одржува посветеноста да ја подобри својата животна средина.