Презентирани резултатите од проектот: „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“

На денешната последна средба на Одборот на проектот: “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, финансиран од Европската Унија, а имплеметиран до Програмата за развој на ОН (УНДП), во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, се презентираа постигнатите резултати, надминатите предизвици, како и придонeсот во  заштитата на природата во државата од имплеметацијата на проектот.

Podobruvanje so upravuvanje na zastiteni podracja_1

При тоа, беше нагласена  успешната соработка  помеѓу сите инволвирани страни како предуслов за спроведувањето на проектните активности.

Министерот Нуредини во своето обраќање се заблагодари за финансиската подршка од ЕУ како и на импелментаторот УНДП, изразувајќи надеж дека проектот ќе обезбеди подобро упртавување со заштитените подрачја, а грантистите одржливост на постигнатите резултати.

Проектот обезбеди средства во висина од 4 милиони евра, како помош за 25 грантисти, во кои беа вклучни сите национални паркови во земјата.

Podobruvanje so upravuvanje na zastiteni podracja_Pelister