Обука на ренџери, чувари на националното природно богатство

1623394624475474 (1) На 10 и 11 јуни во хотел Скардус на Попова Шапка, како дел од идното заштитено подрачје, се одржа последниот модул од тренинг програмата, специфично дизајнирана според потребите за управување во заштитени подрачја, осмислена како обука за Ренџерите – чувари во заштитени подрачја.

Со тренинг програмата се опфатени30-тина Ренџери – чувари во заштитени подрачја (лиценцирани и потенцијални) и тоа лиценцирани ренџери од ЈУ Национален парк „Галичица“, ЈУ Национален парк „Маврово“, ЈУ Национален парк „Пелистер“, Споменик на природа „Преспанско Езеро“ и Парк на Природата „Езерани“ – Општина Ресен како надлежен орган за управување и потенцијални лиценцирани ренџери/чувари во заштитено подрачје иден Национален Парк „Шар Планина“, Јавно Претпријатие Национални Шуми со претставници од подружница Гостивар и Тетово како потенцијални лиценцирани, Споменик на Природата „Вевчански Извори“- Општина Вевчани како надлежен орган за управување и Осоговски Планини, ЈП Национални Шуми, со претставник од подружница – Кочани како потенцијални лиценцирани.

Со цел да се подобри институционалната соработка, споделувањето искуства и податоци во насока на подобрување на заштита и мониторингот во заштитените подрачја,на обуката активно учествуваа и Државниот инспекторат за животна средина и Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Обуката се реализираше преку пет модули кои ги опфатија темите: Релевантно законодавство од областа на заштита на природата; Зачувување и следење на природните вредности; Меѓуинституционална соработка со инспекторатите; Подобрување на комуникацијата и личните вештини. По успешно завршената обука, ренџерите добија сертификат.

Обуката ја организираа и спроведоа лиценцирани обучувачи, Даниел Богнер и Анела Ставревска-Панајотова, во соработка со секторот природа од МЖСПП и УНЕП, а во рамки на УНЕП/ГЕФ проектот „Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку воспоставување и ефективно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“.