Обезбедени средства за Излезна фаза на Програмата за зачувување на природата

potpisan_memorandum_svajcarskaambasada_mzspp_1Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Сибил Зутер Техада потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на Излезната фаза од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП) со што ќе се придонесе кон постигнување на одржливост на резултатите добиени во рамките на ПЗП во изминатите 8 години.

Министерот Нуредини се заблагодари за поддршката што Швајцарија ја дава на Министерството преку Програмата за зачувување на природата, посебно истакнувајќи го успехот со прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел што е прва заштита од таков вид во државата, но и за останатите активности кои се реализираат во делот на заштита на природата.

„Ние сме многу задоволни од постигнатите резултати во текот на последните осум години од спроведувањето на Програмата за зачувување на природата“ изјави амбасадорката Техада истакнувајќи дека во спроведувањето на програмите за развој смета дека е исклучително важно да се обезбеди одржливост на постигнатите резултати и спроведените процеси, како и нивно унапредување, а партнерите да можат да ги извршуваат своите должности и задачи самостојно, без поддршка на програмите.

„Во таа смисла, Швајцарија одлучи да ја поддржи последната, т.н. Излезна фаза од Програмата за зачувување на природата “ рече Техада .

Времетраењето на оваа Излезна фаза на ПЗП е 3 години, а за нејзина реализација се обезбедени средства во висина од 1,9 милиони швајцарски франци од страна на Швајцарска Агeнција за развој и соработка.Координаторна Програмата е Фармахем, а главен корисник на резултатите и партнер е МЖСПП. Главната цел на излезната фаза од ПЗП е да се даде поддршка на телото за управување со Заштитен предел Осоговски Планини, поддршка на иницијативата за прогласување на Малешево за заштитено подрачје, поддршка на НАТУРА 2000 процесот, како и поддршка во развојот и сроведување на шема за плаќање екосистемски услуги.