НУРЕДИНИ од Липково: Со овие проекти ги подобруваме условите за живот

НУРЕДИНИ од Липково Со овие проекти ги подобруваме условите за живот Министерот за животна средина и просторно плaнирање Насер Нуредини заедно со градоначалникот на Општина  Липково Еркан Арифи, придружувани од заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, пратениците од изборната единица Арбер  Адеми и Берат Ајдари, денeс во присуство на локалното население, беше инаугуриран таложникот во филтер станица за водоснабдување на Општина Липково.

Средствата за овој проект во висина од околу 56 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Министерство за животна средина и просторно планирање. 

Од тековниот буџет на МЖСПП во тек е е реализација на капитални проекти за водоснабдување во вкупен износ од 68 милиони денари. 

Министерот Нуредини истакна дека чистата вода е основна потреба на секој граѓанин на државата и дека е неопходно да се обезбеди ова основно уставно право.