Нуредини и Захариева: Иднината на животната средина е во рацете на нашите деца

Нуредини и Захариева Иднината на животната средина е во рацете на нашите децаMинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се приклучија на учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ во засадување на дрвни садници во дворот на училиштето.

Со тоа се означи почетокот на проектот „Иднина без пластика“ во кој ќе се развиваат позитивните навики кај најмладите во однос на правилното однесување и грижата за животната средина бидејќи тие се нашата иднина.

Со тоа се упати силна порака за подготвеноста грижата за животна средина да се постави  високо во политичката агенда на регионалната соработка.

Настанот се организираше во пресрет на одржувањето на Состанокот на министерите за надворешни работи на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската Унија и Западниот Балкан, со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Северна Македонија и Бугарија за 2020 година.