Министерот Амети на промоција на проектот за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во о. Куманово

minister-ameti1(05.10.2016г.) Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, денеска, се обрати на промоцијата на ИПА проектот “Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Куманово”, во чии рамки се врши рехабилитација/замена на идентификуваните критични делови во постојниот санитарно-канализациски систем во Куманово и проширување на постојниот систем – изградба на нови канализациски цевководи во зоните што сега не се опфатени со услуги на собирање на отпадните води.

Во своето обраќање, Министерот Амети истакна дека со реализација на проектот ќе се зголеми бројот на жители кои ќе се приклучуваат на канализациониот систем и на постоечката пречистителна станица, со што ќе се намали негативниот ефект врз водните ресурси, природата и врз здравјето на населението.

- Преку спроведување на овој проект, очекуваме да се подобрат условите на граѓаните во општина Куманово, односно собирањето и одведување на урбаните отпадни води, да се решат одредени проблеми кои се јавуваат со канализационата мрежа, одделни населби да се поврзат со колекторскиот систем на градот, како и да се изгради канализација во одделни населби каде истата не постои. Воедно, проектот директно ќе придонесе и кон подобрување на работата на пречистителната станица за отпадни води во Куманово која беше изградена пред неколку години – додаде тој.

На настанот се обратија и вице-премиерот за европски прашања, Арбр Адеми, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Н.Е. Самуел Жбогар и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски

Министерството за животна средина и просторно планирање го спроведува овој проект со поддршка на Делегацијата на ЕУ и Министерството за финансии.