МЖСПП ги поддржува младите екологисти

Министерство за животна средина и просторно планирање и здружението Young Friends of the Earth Macedonia со денешнато потпишување на Меморандумот за соработка ја потврдија желбата и волјата да соработуваат во полињата од заеднички интерес, преку искористување на професионалните, научно-стручни и материјално-технички  капацитети на двете страни, во правец на креирање на зелени политики, а земајќи ги предвид гласот и визиите на граѓаните.
Со тоа Министерството ја поддржа, пред се, реализацијата на проектот „Интерсекционална конвергенција на Европската младина кон  Новиот Зелен Договор“ и дигиталната партиципативна платформа „Зелен Глас“, која произлегува од проектот, со што ја потврди својата заложба за транспарентност и инклузивност на јавноста во градењето на политики, особено на младите како идни носители на општествениот развој.