Започна регионалниот проект “Градење отпорност кон и интегрирано управување со прекуграничниот ризик од поплави во сливот на реката Црн Дрим”

6(25.02.2020) Денеска, во Скопје, се одржа воведна работилница на регионалниот проект “Градење отпорност кон и интегрирано управување со прекуграничниот ризик од поплави во сливот на реката Црн Дрим”, чија основна цел е, преку вклучување на локалните чинители од трите држави, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора и со финансиска помош и координација од меѓународните организации, да се намали ризикот и штетите од поплавите за локалното население во засегнатиот регион.

Се предвидува со проектот да се овозможи подобрување и надополнување на базата на податоци за сливот на реката Црн Дрим, но и проценка на ризикот од поплави и санација на штетите од поплави за локалното население. Преку проектните активности, ќе се подобри и проценката на ранливоста на материјални и нематеријални добра во сливот на реката и ќе се олесни одржливото финансирање на мерките за превенција и заштита од поплави

- Проектот е комплексен, во негова реализација вклучени се повеќе држави и различни чинители: министерства, локални заедници, институти за превенција и заштита од поплави и како и локалното население и само со добра регионална соработка и активна поддршка ќе ги постигнеме посакуваните цели зацртани со овој проект – истакна во воведното обраќање Ана Петровска државен секретар во Министерството за животна средина и просторно плнирање.

Воведно обраќање имаше и заменик постојан претставник на УНДП, Сања Бојаниќ.

Во рамки на настанот, раководителот на Секторот за животна средина при УНДП, Анита Коџоман, ги презентираше активностите и очекувани резултати на проектот, а Националниот Проектен Координатор од GIZ, Николета Богатиновска, одржа презентација на регионалниот проект за управување со поплави со сливот на Црн Дрим.

Проектот е со времетраење од 24 месеци (предвидено е неговата реализација да заврши во декември 2024 година) и ќе се имплементира од страна на УНДП, во партнерство со Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и Глобалното Медитеранско партнерство за води (GWP – Med). Проектот е финансиран од Фондот за адаптација, со вкупен буџет од 10 милиони долари.

[su_custom_gallery source=”media: 21713,21712,21711″ limit=”10″ link=”image” target=”blank” title=”never”