Започна изработката на нацрт – Планот за управување со идниот Национален парк „Шар Планина“

NacrtPlan_Sar PlaninaДенеска се одржа воведниот настан за изработка на нацрт – Планот за управување со Национален парк „Шар Планина“.

Со настанот се отвора новото поглавје за идниот национален парк Шар Планина. Акцентот на дискусијата, од прашањето „дали треба да имаме Национален парк“ се стави на прашањето „како ќе се управува со него“.  Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк е во собраниска постапка  и се очекува во најскоро време да биде усвоен, со што конечно Република Северна Македонија ќе го добие 4-от национален парк, а 13, 2 % од територијата ќе биде прогласена за заштитено подрачје. Дефинираните зони на националниот парк Шар Планина се важни за заштита на природата, но исто така  се важни и за обезбедување на иден одржлив развој и еко туризам со што ќе се овозможи просперитет и за природата и за луѓето.

NacrtPlan_Sar Planina_1Настанот е организиран од Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на IUCN, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP).

- Горд сум што денес започнуваме со изработка на Нацрт планот за управување со Националниот парк Шар Планина во соработка со IUCN и УНЕП. Планот за управување ќе биде алатка за новото јавно претпријатие Национален парк Шар Планина, за  обезбедување на заштита на биолошката разновидност и зачувување на дивиот свет во паркот, но исто така и за подобрување на благосостојбата на локалното население, создавање зелени работни места и подобрување на зелената инфраструктура и услуги. Со отворањето на процесот за подготовка на нацрт планот за управување, треба да се фокусираме на нашата заедничка цел, одржување на Шар Планина со нејзините еколошки, социјални и културни вредности. Се оди на практичност, функционалност и применливост при креирање на иднината за регионот – истакна министерот Нуредини во поздравното обраќање .

NacrtPlan_Sar Planina_2- Среќни сме и благодарни што процесот на прогласување е веќе во последна фаза. Но, идентификуваните природни и социо-економски вредности нема да значат доволно, доколку не знаеме да ги цениме и да обезбедиме одржливо управување. Затоа, во периодот што следи со дополнителна поддршка од IUCN ќе работиме на развој на предлог план за управување со идниот национален парк Шара. Повикуваме и се надеваме на активно вклучување на јавноста, на сите засегнати страни, а во насока на обезбедување заштита на природата рака под рака со социо-економскиот развој, особено на подрачјето- рече Искра Стојанова, проектен координатор, програма на ООН за животна средина.

“Ние многу се радуваме на прогласувањето на Шар Планина како национален парк во Северна Македонија. Поминаа скоро 15 години од нашите први разговори околу поддршката на IUCN на процесот и спроведовме многу активности за да го достигнеме овој момент “. Г-дин Ерг ја истакна регионалната важност на заштитата на овој планински масив, нагласувајќи дека покрај исклучителните природни вредности, Шар Планина е поседува богати културни вредности кои исто така треба да бидат заштитени.

По воведните обраќања, господинот Даниел БОГНЕР како клучен експерт и лидер на тимот ги презентираше целите, активностите и методологијата за изработка на нацрт-План за управување со Национален парк „Шар Планина“.