Состанок за квалитет на воздухот за “градско рангирање”

На 23ти септември 2020 година во организација на Европската агенција за животна средина беше одржан online состанок преку платформата Microsoft Teams.

Целта на овој состанок беше да се презентира нова web страна на која е претставено рангирање на градовите спрема концентрацијата на суспендирани честички со големина до 2,5 микрометри – РМ2,5.

Градовите се рангирани врз основа на просечната годишна концентрација на PM2,5 пресметана со користење на податоци за мерење на квалитетот на воздухот, кои што се репортираат во реално време кон Европската агенција за животна средина од страна за земјите членки на ЕУ.

Од Македонскиот информативен центар за животна средина на состанокот присуствуваа: Анета Стефановска – Раководител на одделение и Никола Голубов – Советник.