Работен семинар на Националните координатори за соработка со Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и членовите на Управниот Одбор во ЕЕА

danska(19.03.2013) Во Копенхаген – Данска, се одржa работен семинар на Националните координатори за соработка со Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и членовите на Управниот Одбор во ЕЕА, од 39 европски земји. На семинарот учествуваше Светлана Ѓорѓева, Национален координатор (NFP) за соработка на Република Македонија со Европската агенција за животна средина.

Согласно дневниот ред, учесниците работеа со цел усогласување на ставовите на Националните координатори – како претставници од земјите од Европа – со претставниците на Управниот одбор и Научниот комитет на ЕЕА, во однос на перспективите и континуитетот на ефикасноста  на заедничката соработка.

Клучната цел на семинарот беше, да се направи анализа на Годишниот план за управување на Агенцијата, да се претстават тематските насоки на работните програми на ЕЕА и да се укаже на успесите од Стратегијата на ЕЕА 2009-2013, како и потребите за планирање и усвојување на новата повеќегодишна работна стратегија на Агенцијата.

Присуството на Националниот координатор на овој семинар е од исклучително значење во однос на стратешките интереси на Министерството за животна средина и просторно планирање, во насока на соработката со ЕЕА и перспективите за учество на националните тематски експерти од Република Македонија, во редовните програми и тематски активности на ЕЕА.