Соопштение за јавноста 10.12.2018 год.

Во согласност со Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, Ве информираме дека од 14 декември 2018 година, прагот на алармирање на РМ10 се намалува од 200 μg/m3 и истиот изнесува 188 μg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и е добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.