МК – НИ 012

ТЕМПЕРАТУРА НА ВОЗДУХОТ smile2 logo-re
Дефиниција
Единици
Клучно прашање за политиката
Клучна порака
Оценка

Индикаторот ги зема во предвид податоците за средната годишна температура на воздухотод 1990 до 2020 година, просечната средногодишна температура на воздухот за период 1961-1990 година и отстапувањата на средната годишната температура од просечната.

Дадени се податоци заБитола,вторград по големина,Гевгелија, место со највисока и Лазарополе,место со најниска,просечна средногодишна температура.За Скопје земенае во предвид просечната средногодишна температура запериод 1981-1990 година.

Во Скопје средногодишната температура на воздухот во2020 година во однос на просечната вредност за период 1981-1990 година, има зголемување за 1,2°C, но во однос на претходната година е помала за 0,8 °C. Најтоплагодина со средногодишна температура од 14,6°C била 2019,со најголемото отстапување од просечната средногодишна температура2,0°C. Најладнагодина со средногодишна температура од 12,2°C била 2005, која е за 0,4 °C помала од просечната вредност за период 1981-1990 година.

Во Битола средно годишната температура на воздухот во 2020 година во однос на просечната вредност за период 1961-1990 година, има зголемување за 1,5°C, но во однос на претходната е помала за 0,4 °C. Најтопла година со средногодишна температура од 12,9°C била 2019 година иво оваагодина било и најголемото отстапување од просечната средногодишна температура , и изнесува 1,9°C. Најладнагодина со средногодишна температура од 10,7°C била 2006, која е за 0,3 °C помала од просечната вредност за период 1961-1990 година.

Во Гевгелија средно годишната температура на воздухот во 2020 година во однос на просечната вредност за период 1961-1990 година, има зголемување за 1,9°C, но во однос на претходната е помала за 0,6 °C. Најтоплагодина со средногодишна температура од 16,6°C била 2019 година со најголемото отстапување од просечната средногодишна температура кое изнесува 2,5°C. Најладнагодина со средногодишна температура од 14,6 °C била 1995, која е за 0,5 °C поголема од просечната вредност за период 1961-1990 година.

Во Лазарополе средно годишната температура на воздухот во 2020 година во однос на просечната вредност за период 1961-1990 година, има зголемување за 0,9°C, , но во однос на претходната е помала за 0,8°C. Најтопла година со средногодишна температура од 8,5°C билa 2019 година и во овaa годинa било и најголемото отстапување од просечната средногодишнатемпература кое изнесува 1,7°C. Најладнагодина со средногодишна температура од 6,6 °C била 1995, која е за 0,2 °C помала од просечната вредност за период 1961-1990 година.

Годишните отстапувања од просечната средногодишнатемпература во сите разгледувани населени места се движат помеѓу -0,4 и 2,5°C.

Методологија
Цели
Обврска за известување
Општи мета-податоци
Поврзаност со други индикатори
Последна измена:  27.08.2021