|
ЕЕА - Информација за Европската агенција за животна средина
Согледувајќи ја потребата од соодветни информации за креирање на ефикасна политика за заштита на животната средина, а истовремено следејќи ја заложбата за демократизација на сите области на општественото живеење, државите членки на Европската унија ја основаа ЕЕА како основен извор на информации за животната средина....
 |
|
|
|
 | Новости |  |
Соопштение за јавноста 04.09.2008 год.
Делегацијата на министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од Заменик министерот, Др. Соња Лепиткова на ден 5 септември 2008, година (петок), ќе ја посети Општина Струга и населените места Лабуништа, Октиси и Делогожда....
 |
|
Посета на Општина Демир Капија
Делегацијата на министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од Министерот, Др. Неџати Јакупи на ден 4 септември 2008, година ја посети Општина Демир Капија...
 |
|
Јавна расправа за усвојување на еколошки критериуми за турустичко сместување и за детергенти за рачно миење на садови
Министерството за животна средина и просторно планирање, како носител на процесот на воспоставување шема за еколошко означување на производи и услуги во Република Македонија согласно ЕУ регулативата, следејќи ја политиката за транспарентност во донесувањето на одлуки поврзани со животната средина, како и заради соработка со сите заинтересирани страни, на 27.08.2008 година, во просториите на Стопанската комора на РМ. организираше Прва јавна расправа за усвојување на еколошки критериуми за турустичко сместување и за детергенти за рачно миење на садови...
 |
|
Министерот во посета на работилницата за обука на наставници за користење на „Зелениот пакет”
Министерот за животна средина и просторно планирање, Др. Неџати Јакупи, на 26.08.2008 година, ја посети работилницата за обука на наставници од основните училишта од Република Македонија за користење на „Зелениот пакет”. Работилницата се одржува во Охрид и е организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за заштита на животна средина за Централна и Источна Европа...
 |
|
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со министерството за транспорт и врски, Општина Гостивар и Центарот за управување со кризи ја започнаа реализацијата на проектот за чистење на река Вардар
Почнаа работите за чистење на минор и мајор коритата, на река Вардар, од изворот во с.Вруток до с.Чегране, на излез од Општина Гостивар, со должина близу 20 км. Мониторинг на текот на работите за чистење на реката Вардар, близу Железничкиот Мост во Гостивар, извршија Градоначалникот на Општина Гостивар, г-дин Невзат Бејта, Министерот за животна средина и просторно планирање Др. Неџати Јакупи и Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски...
 |
|
МЖСПП активно се вклучи во интервентната акција за чистење на реката Вардар
Министерот за животна средина и просторно планирање, Др. Неџати Јакупи, на 21 август 2008 година, присуствуваше на акцијата за собирање на градежен шут и отпад и сечење на дивата вегетација на кејот на р. Вардар непосредно до хотелот Александар Палас. Со овие активности се означи почетокот на реализацијата на владиниот проект: “Интервентна акција за чистење на реката Вардар”....
 |
|
Посета на велешките деца кои се рехабилитираат на Пелистер
Делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од Министерот за животна средина и просторно планирање, Др Неџати Јакупи, на 15 август 2008 год, го посети Детското одмаралиште на Пелистер во кое 150 деца од Велес и 30 деца од скопско Миладиновце, кои имат хронични проблеми со здравјето предизвикани од аерозагадување на велешка „Топилница” и скопска ОКТА се рехабилитираат на чистиот пелистерски воздух...
 |
|
Јавна расправа за усвојување на еколошки критериуми за туристичко сместување и за детергенти за рачно миење на садови
Министерството за животна средина и просторно планирање, како носител на процесот на воспоставување шема за еколошко означување на производи и услуги во Република Македонија согласно регулативата на Европската Унија, организира Јавна расправа со цел усвојување на еколошките критериуми за туристичко сместување и за детергенти за рачно миење на садови преку соработка помеѓу заинтересираните страни: претставници на потрошувачите, невладините организации, трговијата, индустријата, мали и средни претпријатија, дистрибутери и др. ...
 |
|
Нацрт Закон за пакувања и отпад од пакувања
Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC) со експертска подршка и Министерството за животна средина и просторно планирање изготви првична нацрт верзија на Закон за пакувања и отпад од пакувања во Република Македонија, сите заинтересирани лица доколку имаат забелешки и коментари да ги достават до следната e-mail адреса: b.osmani@moepp.gov.mk...
 |
|
Соопштение - регулатива на ЕУ за хемикалии
Почитувани, Според REACH, новата регулатива на ЕУ за хемикалии, потребно е самите хемиски супстанции, во препарати или кои намерно се ослободуваат од предметите, да бидат регистрирани во Европската агенција за хемикалии (ЕCHА). Оваа регулатива се применува за супстанции кои се произведени во или увезени во ЕУ во количини од 1 тон или повеќе по компанија на годишно ниво, освен доколку не е поинаку наведено во регулативата...
 |
|
ИНТЕГРИРАНИ ЕКОЛОШКИ ДОЗВОЛИ
Надлежен орган за издавање на А интегрираните еколошки дозволи е Министерството за животна средина и просторно планирање, а за Б интегрирани еколошки дозволи надлежноста е поделена помеѓу ЕЛС и министерството...
 |
|
|
|
|
|