Воздух

1.    Вовед

Сознанијата и показателите во последниве децении укажуваат на фактот дека рамнотежата во атмосферата е нарушена.

Се одвиваат појави кои тешко се контролираат, се испуштаат големи количини на загадувачки супстанции, појава на ефект на стаклена градина, оштетување на озонската обвивка, се зголемуваат  емисиите на загадувачките супстанци кои даваат ефект на закиселување и ја разрушуваат биосферата, делуваат  на почвата и др.

Ова се ефектите од пребрзиот технолошки развој, развојот на индустријата, зачестените хаварии и останатите активности диктирани од современиот живот на човекот, како и природните катастрофи (земјотреси, поплави, пожари, вулкански ерупции)

Земајќи ги предвид сите овие показатели, односно промени на глобално ниво, потребно е да се превземат мерки за подобрување на состојбата, особено  на квалитетот на воздухот.

Токму поради тоа, од особен интерес е да се располага со податоци за потеклото, застапеноста и влијанието на загадувачките супстанци присутни во воздухот, со цел да се превземат мерки за нивна редукција. Затоа, Македонскиот информативен центар за животна средина ги собира обработува и анализира податоците за емисиите во воздухот од поединечните извори како и на емисии во воздухот од сообраќајот.

Со цел утврдување на состојбата со концентрациите на загадувачките супстанци во амбиентниот воздух се врши редовен мониторинг со Државниот автоматски мониторринг систем за квалитет на амнбиентен воздух, како и мерните станици на други надлежни институции.

По соодветна обработка на податоците тие можат да се искористат за информирање на јавноста, подготовка на документи и превземање на акции за подобрување на квалитетот на воздухот и планови за заштита на истиот.

pic2pic1

 

 

 

 

 

2.    Законска регулатива

Законот за квалитетот на амбиентниот воздух (Сл. Весник на РМ бр. 67/04) e подготвен и усвоен во 2004 година во согласност со Рамковната директива за воздух 1996/62/ЕC и директивите ќерки, а во следните години подготвени и усвоени се четири дополнувања и измени кон истиот (Сл. Весник на РМ бр.92/07, 83/09, 35/10, 47/11) со цел усоглсување со ЕУ законадавството за воздух, а особено со Директивата за чист воздух во Европа (Директивата CAFE) која беше усвоена од Европскиот парламент во 2008 година. Законот за квалитет на амбиентен воздух дава правен основ за регулирање на:

-          видовите на извори на загадување;

-          единствени гранични, целни вредности, праговите на информирање и алармирање;

-          управувањето со квалитет на амбиентниот воздух;

-          оценувањето на квалитетот на амбиентниот воздух;

-          планирањето на заштитата на квалитетот на амбиентниот воздух;

-          мониторингoт на квалитетот на амбиентниот воздух и на изворите на емисија;

-          информативен систем;

-          заштита од загадување на амбиентниот воздух;

-          надзор и надлежни тела.

Во таа насока во периодот од 2005 година до денес подготвени се 15 подазконски акти кои се однесуваат на мониторинг, контрола, оценка, известување и заштита на кавлитетот на воздухот. Консолидираниот текст на Законот за квалитет на воздух и подзаконските акти во целост можат да се преземат од следниот линк:

http://www.moepp.gov.mk/default-mk.asp?ItemID=E361967FA21EDD4D860691E8565D77E7

ЕМИСИИ ВО ВОЗДУХОТ

Емисиите во воздухот произлегуваат од:

1. Стационарни-точкасти извори кои се:

  • поединечни извори во кои главно спаѓаат поголемите компании, производни субјекти;
  • површински (колективни) извори на загадување кои обично се непроизводни деловни субјекти (пр. затоплување по домовите, станбени објекти) или мали производни субјекти со инсталирана моќност под 1 МW;бензиски пумпи, работилници за хемиско чистење и боење и лкирање на автомобили, како и депониите.

2. Подвижни извори се:

  • патни возила (автомобили, камиони, и автобуси)
  • вонпатни возила (како бродови, авиони, земјоделски и градежни машини).

Во насока на определувањето на количините на загадувачките супстанции во воздухот во МИЦЖС се прибираат и обработуваат податоци од поголемите компании кои согласно Законот за животна средина и Законот за квалитет на амбиентен воздух се должни да вршат мониторинг и мерење на емисиите во воздухот. Исто така се собираат податоци од контролните мерењата извршени по барање на Државниот инспекторат, мерењата од централната лабораторија за животна средина и од овластени институции и лаборатории кои мерат емисии.

Податоците се користат по потреба за поединечни извештаи на барање на релевантни научни стручни институции невладини организации и засегната јавност и тоа:

  • Се подготвуваат годишни извештаи во кои податоците се сведуваат на тони на емисија на ниво на година за утврдување на годишните количини на емисии на загадувачките супстанции во воздухот на државно и регионално ниво, на ниво на општина и град;
  • Извештаи за потребите на националнaта статистика;
  • Извештаи за потребите на оцена на влијанието на животната средина;
  • Извештаи за подготовка на предвидувања и прогнози за емисиите на количината на загадувачките супстанции;
  • Извештаи за потребите на разни проекти, научни и други цели од областа на заштитата на животната средина.

Овие податоци се главно добиени по пат на мерења и обработките се направени во согласност со националните методи и методологии.Во согласност со Конвенцијата за прекуграничен пренос на загадувањето во воздухот (CLRTAP) и Протоколот за мониторинг на воздухот во Европа – ЕМЕП (ратификуван од страна на Република Македонија во 2010 година), подготвена е методологијаза инвентаризација на загадувањето CORINAIR (CoR Invetory for Air Emission). Оваа методологија во Република Македонија е усвоена како национална методологија со Правилникот за методологијата за инвентаризација и воспоставување на нивоа на емисија на загадувачки супстанции во атмосферата во тони годишно за сите типови на активности.

Одделот на МИЦЖС, секоја година поднесува податоци од инвентарот на емисии до UNECE и EEA.

Повеќе информации за емисиите во воздухот можете да ги најдете на прозорот емисии на веб порталот за воздух (http://airquality.moepp.gov.mk/).

 

Квалитет на амбиентен воздух

За да се следи состојбата на воздухот се врши мониторинг на загадувачките супстанци и истите се идентификуваат квалитативно и квантитативно. Мониторингот има суштинска задача во рамките на управувањето со животната средина. Имено, тој претставува основа за превземање на мерки за заштита од загадувањето и средство кое се употребува за подобрување на квалитетот на воздухот во животната средина.

Затоа, мониторингот, секогаш ќе биде средство, а никогаш цел сама за себе.

Во Република Македонија мониторингот на квалитетот на воздухот се врши автоматски со фиксни мониторинг станици, семплери и со рачно земање проби од веќе одредени мерни места.

Мерењето на квалитетот на амбиентниот воздухот во Република Македонија го вршат следните институции:

  • Министерството за животната средина и просторно планирање
  • Институт за јавно здравје: Центар за јавно здравје – Скопје, Центар за јавно здравје  – Велес

pic3
Министерство за животна средина и просторно планирање

pic4

Центар за Јавно здравје- СКОПЈЕ


Подетални податоци за бројот на мерни места и видот на еколошки и метеоролошки параметри кои ги мерат одговорните институции се даддени во табела бр.1

Инстиуција Број на мерни места Еколошки параметри Метеоролошки параметри
МЖСПП 17 станици

10 семплери

 

јаглероден моноксид сулфур двооксид,

азотни оксиди, озон,

PM10 – суспендирани честички во воздухот со големина помала од 10 микрометри,

 

PM2.5 – суспендирани честички во воздухот со големина помала од 2.5 микрометри

 

брзина на ветер,

насока на ветер,

температура, влажност, притисок, глобална радијација,

 

 

тешки метали и PM10

 

 

Институт за јавно здравје-ИЈЗ

ЦЈЗ -Велес 7 мерни места  

сулфур диоксид и чад

 

 ЦЈЗ – Скопје 3 мерни места  

сулфур диоксид и чад

 

Обработените податоци добиени од следењето и мерењето на загадувачките супстанци во воздухот од сите мерни мрежи се анализираат и проучуваат и претставуваат основа за прогнозирање на загадувањето и донесување на мерки за заштита.