Тендерска документација за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 11 мали хидроелектрични централи – Прашања и Одговори

Прашања и Одговори во однос на тендерската документација за доделување на концесија за 11 МХЕ

Прашање 1

*   Вкупниот приход на понудувачите, кумулативно во последните три години, не треба да е помал од 500 евра по kW инсталиран капацитет според понудата во пополнетата и уредно потпишана форма според: АНЕКС C: Писмо за понуда; Доколку правното лице е регистрирано во период пократок од три години, потребните документи да се достават за периодот од регистрација заклучно со последната фискална година.(Вкупните приходи за овие понудувачи не треба да е помал од 500 евра по kW инсталиран капацитет во периодот од неговата регистрација, заклучно со последната фискална година, според неговата понуда во пополнетата и уредно потпишана форма според: АНЕКС C: Писмо за понуда)

Ние имаме поднесено барање како физички лица-немаме регистрирано фирма.

Како ќе го исполниме овој услов, што треба да направиме.

Одговор:

Во врска со доставените прашања во однос на Јавниот повик, Ве известуваме дека во постапките за доделување на концесии и јавно приватно партнерство, физичките лица треба да бидат регистрирани за вршење на трговска или друга дејност.

Како физичко лице регистрирано за вршење на одредена дејност, ако до сега немате регистрирано фирма за да го исполните горенаведениот критериум (Вкупниот приход не треба да е помал од 500 евра по kW инсталиран капацитет) потребно е да настапите во група со други понудувачи кои ќе го исполнат овој критериум.

Додека за докажување на личната и професионалната способност сите поединечно од групата понудувачи треба да ги достават следните документи:

  • Документ за регистрирана дејност (ДРД образец) издаден од Централен регистар на Република Македонија.
  • Потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, издадена од Управата за јавни приходи на Република Македонија.
  • Потврда дека над лицето не се води постапка за стечај издадена од Централен регистар на Република Македонија.
  • Потврда дека над лицето не се води постапка за ликвидација издадена од Централен регистар на Република Македонија.
  • Изјава на лицето дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари,
  • Документ дека на понудувачотне му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство,
  • Документ дека на понудувачотне му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност,
  • Потврда дека на лицето не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Документите за докажување на личната состојба на понудувачот не смеат да бидат постари од шест месеца од денот на отворање на понудите, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот.

Доколку настапувате како конзорциум треба да доставите и

  • Потпишана изјава од сите членки на конзорциумот за заеднички настап на тендерот. Во изјавата членовите на конзорциумот треба да определат водечки член и јасно да го назначат, како и да го изразат процентуалното капитално учество на секоја од членките во конзорциумот.

Прашање 2

Дали ние како физички лица можеме да подигнеме документација или мора да формираме фирма за да можеме да поднесеме тендерската документација?

Одговор

Во однос на ова прашање согласно т.8 од Јавниот повик е предвидено следното

Тендерска документација може да подигне физичко лице заинтересирано за учество во постапката, како и лице со овластување од фирма за која подига документација при што во овластувањето треба да бидат наведени сите потребни податоци за контакт (адреса, телефон, факс и е-маил на фирмата или на лицето овластено од фирмата за контакт).

Прашање 3

Кој е рокот за подигање на тендерската документација

Одговор

Тендерската документација можете да ја подигнете пред истекот на рокот за доставување на понуди, односно најдоцна до 16 мај пред Јавното отварање на понудите кое ќе биде на 16 мај 2016 година во 11 часот.

Тука треба да се има во предвид и потребното време за подготовка на понудата, и обезбедување на сите услови во тендерската документација.

Прашање 4

Колкава треба да биде минималната инсталирана моќност и како таа се одредува?

ОДГОВОР

Во врска со Вашето прашање во однос на минималната инсталирана моќност, Ве известуваме дека минималната моќност ја определуваат понудувачите во својата понуда, врз основа на дадените параметри во тендерската документација.

При изработка на Вашата понуда треба да го имате во предвид следното:

Во точка 3.4 Слобода на техничко решение од тендерската документација стои:

Во тендерската документација локациите/групите на локации се прикажани на карти со размер од 1:25000, а техничкото решение е на ниво на Студија.

Поради тоа:

1.       Понудувачите максимално ќе се придржуваат кон одредените локации за централата и зафатот. Понудувачот е должен да го бара најповолното техничко решение, а во понудата треба да образложи и да даде техничка и економска оправданост на евентуалните отстапувања од предложеното техничко решение дадено во тендерот

2.       Во својата понуда ќе треба да се наведат координати по Гаус-Кригер усогласени со државната координатна мрежа за местото одредено за зафат и машинска зграда. Овие координати ќе се сметаат меродавни во постапката за добивање на Дозволата за користење на вода за производство на електрична енергија

При потпишувањето на Договорот за концесија ќе се земе во предвид инсталираната моќност согласно Основниот проект и издадената дозвола за користење на вода, и доколку истата е повисока од понудената, понудувачот при плаќањето на еднократниот надоместок ќе ја има во предвид инсталираната моќност од Основниот проект.

Од претходното произлегува дека треба да изготвите техничко решение за МХЕЦ/група на локации за која/кои планирате да доставите понуда, и притоа треба да се има во предвид дека согласно Анекс C од тендерската документација понудувачот изјавува:

“Во однос на техничкото решение кое го презентирав во мојата понуда, експлицитно изјавувам дека Инсталираната електрична моќност на праг на електраната (за секоја локација поединечно доколку станува збор за група на локации), која ќе биде инсталирана на горе наведената локација/групи на локации нема да е помала од:________

Минималната инсталираната моќност треба да е согласно изготвеното техничко решение.

Прашање 5

Ве молам за појаснување во врска со јавниот повик за 11 МХЕЦ, односно под реден број 3 на река Брегалница, каде е предвидено: P=1500 KW, Q=0.5 m3, а во Студијата за истата електрана се дадени следните податоци: Hnet=5.36m, Qin=0.533m3, Pin=240 KV и E=2013MWh

ОДГОВОР

Во врска со Вашето прашање во однос на параметрите за локацијата под реден број 3 на река Брегалница, определени со студијата и јавниот повик за 11 МХЕЦ Ве известуваме дека во јавниот повик е даден просечен проток Q(m3/s)- 0,500 m3/s кој се однесува на средно годишниот проток. Податокот за инсталирана моќност е индикативен, а понудувачите во својата понуда, врз основа на дадените параметри ја определуваат минималната моќност на праг на електрана во тендерската документација.  При изработка на Вашата понуда треба да го имате во предвид следното: Во точка 3.4 Слобода на техничко решение од тендерската документација стои: Во тендерската документација локациите/групите на локации се прикажани на карти со размер од 1:25000, а техничкото решение е на ниво на Студија. Поради тоа: 1.        Понудувачите максимално ќе се придржуваат кон одредените локации за централата и зафатот. Понудувачот е должен да го бара најповолното техничко решение, а во понудата треба да образложи и да даде техничка и економска оправданост на евентуалните отстапувања од предложеното техничко решение дадено во тендерот 2.      Во својата понуда  ќе треба да се наведат координати по Гаус-Кригер усогласени со државната координатна мрежа за местото одредено за зафат и машинска зграда. Овие координати ќе се сметаат меродавни во постапката за добивање на Дозволата за користење на вода за производство на електрична енергија При потпишувањето на Договорот за концесија ќе се земе во предвид инсталираната моќност согласно Основниот проект и издадената дозвола за користење на вода, и доколку истата е повисока од понудената, понудувачот при плаќањето на еднократниот надоместок ќе ја има во предвид инсталираната моќност од Основниот проект. Од претходното произлегува дека треба да изготвите техничко решение за МХЕЦ/група на локации за која/кои планирате да доставите понуда, и притоа треба да се има во предвид дека согласно Анекс C од тендерската документација понудувачот изјавува: “Во однос на техничкото решение кое го презентирав во мојата понуда, експлицитно изјавувам дека Инсталираната електрична моќност на праг на електраната (за секоја локација поединечно доколку станува збор за група на локации), која ќе биде инсталирана на горе наведената локација/групи на локации нема да е помала од: ________ Минималната инсталираната моќност треба да е согласно изготвеното техничко решение.

 

Комисија за спроведување на постапка за доделувањена концесија за користење на вода од 11 мали хидроелектрични централи