Соопштение за јавноста 27.04.2015 год.

Ве информираме дека на 28 април 2015г. (вторник), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, шефот на Делегацијата на Европската Унија, H.E Аиво Орав, амбасадорот на Шпанија, H.E. Рамон Каранза и заменик шеф на мисијата во амбасадата на Холандија, Петер Ферхеиен ќе се обратат на отварањето на двата проекти финансирани од ЕУ: твининг проект „Зајакнување на административните капацитети на државно и локално ниво за спроведување на европското законодавство во областа на животната средина“ и техничка помош „Зајакнување на капацитетите за применливост на законодавството во животната средина на локално ниво “.

Настанот ќе се одржи во Конференциската сала на Секретаријатот за европски прашања, (кеј Димитар Влахов бр. 4-стариот објект на Комерцијална банка), со почеток во 12:00 часот.

Воедно, ќе бидат презентирани информации за најновата опрема наменета за централните и локалните власти во областа на животната средина обезбедена со средства од фондовите на ЕУ.