Соопштение за јавноста 22.04.2015 год.

Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковскина 23 април 2015г. (четврток) ќе се обрати на завршниот настан во рамките на проектот “Воведување на еколошко означени туристички услуги”, што го спроведува Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Настанот ќе се одржи во просториите на Стопанска комора на Македонија, со почеток во 12:00 часот.

Целта на завршниот настан е промовирање на еколошкото означување за туристичко сместување и презентирање на процесот на подготовката на Барањата за добивање на еколошка ознака од страна на 4 хотели во Охрид: “Белведере”, “Гранит”, “Лебед” и “Фламенго”.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.