Соопштение за јавноста 16.04.2015 год.

Ве известуваме дека на ден 17.04.2015г. (петок) министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, заедно со постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, регионалниот директор на УНДП, Џихан Султаноглу, амбасадорот на Шведска, Матс Стефансон, директорот на УСАИД, Џејмс Штајн и деканот и лидер на центарот за социјални иновации, Димитар Трајанов ќе го отворат Кампот за иновации за климатски промени кој се одржува од 17-19 април 2015г. Настанот е закажан во 18.00 часот, во Иновативниот Центар на Телеком, плоштад Македонија, Скопје.

Во текот на одржувањето на кампот ќе бидат претставени десетте одбраниод вкупно 132 пристигнати идеи, од климатскиот предизвик „Твојот град – од тебе зависи“ што започна во декември минатата година. Лидерите на избраните идеи ќе работат заедно со менторите, со цел од идеите да се направат модели и прототипови. Кампот ќе заврши со доделување на награди за два проекти кои ќе покажат најголем потенцијал.

Предизвикот е организиран од УНДП, Милиеуконтакт Македонија, Амбасадата на Шведска, УСАИД и Центарот за социјални иновации, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.