Објава на решени со кое се дава Согласност на барањето за спроведување на проектот: Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Струмица

Врз основа на член 87 став 1 и член 90 став 1 точка 5 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013 и 42/2014), Министерот за животна средин и просторно планирање на ден 08.04.2015 година донесе

  1. Решение со кое се дава Согласност на барањето за спроведување на проектот: Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Струмица, врз основа на барањето на Секторот за ЕУ во МЖСПП, а за проектот финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош во рамките на Компонента 3 од Секторската оперативна програма 2007-2013.
  2. Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина на проектот: Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Струмица ги задоволува барањата за заштита на животната средина со примена на мерките за спречување и за намалување на штетните влијанија врз животната средина.
  3. Целта на проектот е изведба на Пречистителната станица за отпадни води, заради подобрување на квалитетот на водите во базенот на реката Струмица, подобрување на квалитетот на живот во Струмичкиот регион. Пречистителната станица за отпадни води ќе овозможи пречистување на комуналните отпадни води од скоро 53.000 еквивалент жители и индустриски отпадни води од неколкуте индустриски зони, кои гравитираат во овој дел.
  4. Комплетноторешениезаиздавање на согласност на Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Струмица, врз основа на барањето на Секторот за ЕУ во МЖСПП, а за проектот финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош во рамките на Компонента 3 од Секторската оперативна програма 2007-2013може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање – www.moepp.gov.mk.

Правна поука: Против ова Решение инвеститорот, засегнатите правни или физички лица, како и здруженијата на граѓани формирани за заштита и за унапредување на животната средина, можат да поднесат жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од петнаесет дена (15) од денот на последното направено објавување на решението согласно член 90 став 1 точка 5 од Законот за животна средина.