Соопштение за јавноста 07.04.2015 год.

Ве известуваме дека на ден 08.04.2015г. (среда) министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири ќе престојува во Приштина каде ќе оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање на Република Косово, Ферид Агани.

На средбата ќе се дискутира за унапредување на билатералната соработка во областа на прекугранично управувањесо водите, на климатските промени и за заеднички настап со проекти од областа животната средина пред меѓународните инситуции. Посебен акцент ќе биде ставен на можностите за добивање техничка и финансиска помош за реализација на прекуграничните проекти за заштита на реката Лепенец и Шар Планина.