Соопштение за јавноста 03.06.2019 год.

Ве информираме дека, по повод Светскиот ден на животната средина, на 05 јуни 2019г. (среда) министерот Садула Дураки ќе учествува на „Националната работилница за одржливо користење на недрвни шумски производи (НДШП)”, која се одржува во рамките на STAR 5 проектот “Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и вклучување на биодиверзитетот во планирањето за управување со земјиштето (Компонента 3: Планирање на користење на земјиштето и вклучување на биолошката разновидност во главните текови)”.

Проектот е финансиран од ГЕФ и е спроведуван од Програмата за животна средина на ОН (УНЕП), Министерството за животна средина и просторно планирање и локалниот партнер ЦНВП Македонија.

Работилницата ќе се одржи на 5 Јуни 2019 (среда), во хотел Мериот во Скопје, со почеток во 09:30 часот, а по воведното обраќање на министерот следи изјава за медиуми.

Организатори на настанот се Министерството за животна средина во соработка со Глобален Еколошки Фонд (ГЕФ), Програмата на Обединети Нации за животна средина УНЕП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (ЦНВП) Македонија.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.