Соопштение за јавноста 21.05.2019 год.

Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе се обрати на настанот по повод одбележување на 22 Мај – Светски ден на биолошката разновидност, кој утре на 22 мај 2019 г. (среда) ќе се држи во х. Александар Палас во Скопје.

На настанот ќе бидат промовирани двата најзначајни национални документи во областа природа – Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност (2018-2023).

Орагнизатори на настанот се Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата на ООН за животна средина- Канцеларија во Скопје, Германско друштво за меѓународна соработка ГИЗ, Програмата за зачувување на природата и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Почетокот на настанот е во 11:30 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.