Соопштение за јавноста 07.02.2019 год.

Ве информираме дека утре на 08.02.2019 година (петок), заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ ќе дадат изјави за медиуми по повод доделувањето на 19 прочистувачи на воздух на детската градинка Кочо Рацин.

Настанот ќе се одржи во просториите на ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин, на адреса ул. Козара бр. 26А во 10:00 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.