Соопштение за јавноста 06.12.2018 год.

Ве информираме дека утре, на 7 декември 2018г. (петок), заменик министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули ќе присуствува и ќе зборува на работилницата „Климатските промени-реалност или илузија“, која ќе се одржи во Музејот на Илузии во Скопје со почеток во 10.00 часот,во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Целта на работилницата е да се обезбеди учество на јавноста и полесен пристап до информации во врска со донесувањето одлуки поврзани со климатските промени, како клучен фактор за ефективна #KлиматскаAкција. Фокусот е на соработката на државните институции и граѓанското општество и неговата улога во планирањето и спроведувањето на мерките за ублажување и адаптација со што се придонесува за повисоки национали амбиции и поефикасна имплементација на политиките.

На настанот ќе се споделат и информации од тековното одржување на глобалната Конференција за климатски промени во Полска (СОР24, Катовице, 2-14 декември 2018г.)