Соопштение за јавноста 29.11.2018 год.

Ве известуваме дека во Министерството за животна средина и просторно планирање во тек се подготовките на измени и дополнувања на Законот за животната средина.

За таа цел ги приложуваме Нацрт – Законот за измена и дополнување на Законот за животната средина, како и Нацрт – Извештајот за проценка на влијанието на регулативата, на увид на јавноста.

Ве молиме вашите коментари и забелешки да ги доставите електронски на infoeko@moepp.gov.mk или писмено во архивата на Министерството најдоцна до 29.12.2018.“