Соопштение за јавноста 14.11.2018 год.

Ве информираме дека утре, на 14.11.2018 г. (среда) државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска ќе се обрати на отварањето на 6-тата Годишна Дримска Конференција.

На конференцијата ќе бидат преставени извештаите за работата на ГЕФ Дримскиот проект, нацртот на Прекуграничната дијагностичка анализа на Басенот, посебните изготвени извештаи за хидрологијата и за загадувањето на басенот, а главна тема на Конференцијата ќе биде поврзаноста помеѓу водата-храната-енергијата и екосистемот во Дримскиот Басен и интерсекторската координација.

Настанот ќе се одржи во Охрид, во х.Инекс (голема сала), со почеток во 9:30 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.